Gordion Amber
Gordion Amber
Сончевите зраци на југот, здивот на благата медитеранска клима, вековната традиција на гевгелискиот регион, мирисот на автентичното македонско грозје, неодоливиот префинет вкус и маркантната килибарна боја. Сето ова е вткаено во Гордион Амбер – висококвалитетна ракија за луѓе со стил кои сакаат да уживаат во секоја голтка.

Гордион Амбер е craft ракија, која се произведува со процес на двојна дестилација на младо вино, по прецизно дефинирана и нијансирана рецептура, во традиционален аламбик казан. За производство на ракијата се користат квалитетни и внимателно селектирани сорти грозје од прва класа, кои се одликуваат со здраво зрно, соодветен број шеќерни единици, правилно оформен грозд и без дополнителни примеси. Следејќи ги стандардите на врвните производители на ваков тип пијалаци, за производство на Гордион Амбер се користи исклучиво срцевината од дестилатот.

Ракијата се чува во буриња изработени од стогодишно француско дабово дрво што ѝ дава дополнителен луксузен шмек. Процесот на производство е целосно заокружен и строго контролиран од почеток до крај. Нашите врвни мајстори со голема љубов и посветеност ја создадоа оригиналната рецептура на Гордион Амбер. Затоа гарантираме дека секое шише Гордион Амбер е возбудлива приказна која нуди уникатно доживување.

Гордион Амбер е нешто поинакво, нешто ново, нешто оригинално, нешто возбудливо. Пијалак со врвен и префинет вкус, и кристално чиста килибарна боја. Името Гордион Амбер асоцира на неговото географско потекло (Гортинија е старото име на Гевгелија, добиено по кралот Гордион) и на богатата килибарна боја по која е препознатлива нашата ракија.

Гордион Амбер е пијалак за луѓе со изграден вкус. Луѓе кои се љубопитни и истражувачи на нови дестинации. Совршен за after work дружба со колегите или вечерно опуштање со пријателите. Може да се пие и со и без храна…

Совршен пијалак за луѓето кои знаат што сакаат, за оние кои консумираат одговорно и со стил. Затоа што добрите пијалаци се пијат во мали количини! Уживајте во секоја голтка!
Гевгелиска дестилерија се занимава со производство на квалитетни алкохолни пијалаци со единствен и префинет вкус.

Приказната на Гевгелиска дестилерија започна пред многу години, како сон и визија на Александар Попов, претприемач и ентузијаст, чија желба беше во родниот крај да создаде бренд кој ќе го стави гевгелискиот регион на светската мапа на производители на алкохолни пијалаци со врвен квалитет.

Овој сон почна да станува реалност во 2016 година кога ги купивме првите лозови насади во околината на селата Моин и Ново Којнско. Наредната година, произведовме мали количини ракија и истите ги созреавме во дабови буриња. По созревањето повикавме неколку дегустатори да направат евалуација на нашиот производ. Ракијата беше одлична и со автентичен вкус и арома, а реакциите на дегустаторите исклучително позитивни. Ова беше мотив да инвестиравме во изградба на модерен капацитет и опрема, со цел и мисија да произведеме традиционален производ – craft лозова ракија без додадени вештачки/синтетички адитиви и без конзерванси. Ракија која не содржи екстракти за ароми и вештачки супститути на шеќер.

Имаме целосно заокружен производствен процес, кој е уникатна мешавина од традиционалниот начин на правење ракија и користење француска експертиза со зреење на ракијата во специјални француски буриња за чување ракија, изработени од стогодишно дабово дрво. Гевгелиска дестилерија е лоцирана во чиста природна средина, во чија околина нема никакви извори на загадување. Климатските услови нудат одлични можности за одгледување квалитетни вински и трпезни сорти лозје што е основен предуслов за производство на ракија со врвен квалитет. Винските сорти се наменети за производство на зреена ракија, а пак трпезните за незреена мускатова ароматична ракија.

Нашиот концепт не се темели исклучиво на производство и продажба на ракија. На нашите купувачи им нудиме комплетно искуство, кое вклучува дегустација во нашата дестилерија, запознавање со процесот на производство, уживање во прекрасното природно опкружување и еко-просторот на кој е лоцирана Гевгелиска дестилерија, како и разгалување на сетилото за вкус со совршена органска храна и врвен пијалак. Нашата визија е Гевгелиска дестилерија, покрај производствен капацитет, да стане и едукативен центар за млади дестилери, како и омилено место за „дегустаторски“ туризам во едно од еколошки најчистите места во Европа.
Aleksandar Popov
Да сонуваш со отворени очи и да ја погледнеш приказната во нејзината суштина. Да те води страста да создадеш производ со префинет вкус. Токму ова се главните состојки кои нè поттикна да ја создадеме Гордион амбер и од неа да изградиме бренд со кој ќе го ставиме Гевгелискиот регион на светската мапа на производители на алкохолни пијалоци со врвен квалитет. На здравје!
Blazhe Jugovski

Следењето на процесот на производство и создавањето квалитетен дестилат бара совршен микс од уметност и посветеност.

Да го следиш зрното како се претвора во капка врвна ракија е задоволство кое тешко може да се опише со зборови. Зад оваа умешност се многу години поминати на лозовите насади, растење со приказната на лозарите кои се пренесуваат од колено на колено и умешност да се применат сите марифетлаци на занаетот.

Trajche Bukrshliev
Да се биде енолог со големо знаење и искуство потребно е стручно знаење, но и одлично познавање на регионот, на локалните автентични сорти грозје, но и секојдневно да се сонува создавањето на нов пијалoк со автентичен и оригинален вкус. Сончевите зраци на југот, здивот на благата медитеранска клима, вековната традиција на гевгелискиот регион, мирисот на автентичното македонско грозје се одлична основа да создадеме пијалок со неодолив префинет вкус и маркантна килибарна боја.

ДПТУ ГЕВГЕЛИСКА ДЕСТИЛЕРИЈА ДООЕЛ Гевгелија
Ул. „Индустриска“ Бр. 4, 1480 Гевгелија, Македонија
info@gedistill.mk
www.gedistill.mk