Гевгелиска дестилерија се занимава со производство на квалитетни алкохолни пијалаци со
единствен и префинет вкус.
Приказната на Гевгелиска дестилерија започна пред многу години, како сон и визија на
Александар Попов, претприемач и ентузијаст, чија желба беше во родниот крај да создаде бренд
кој ќе го стави гевгелискиот регион на светската мапа на производители на алкохолни пијалаци со
врвен квалитет.
Овој сон почна да станува реалност во 2016 година кога ги купивме првите лозови насади во
околината на селата Моин и Ново Којнско. Наредната година, произведовме мали количини
ракија и истите ги созреавме во дабови буриња. По созревањето повикавме неколку дегустатори
да направат евалуација на нашиот производ. Ракијата беше одлична и со автентичен вкус и
арома, а реакциите на дегустаторите исклучително позитивни. Ова беше мотив да инвестиравме
во изградба на модерен капацитет и опрема, со цел и мисија да произведеме традиционален
производ – craft лозова ракија без додадени вештачки/синтетички адитиви и без конзерванси.
Ракија која не содржи екстракти за ароми и вештачки супститути на шеќер.
Имаме целосно заокружен производствен процес, кој е уникатна мешавина од традиционалниот
начин на правење ракија и користење француска експертиза со зреење на ракијата во специјални
француски буриња за чување ракија, изработени од стогодишно дабово дрво.
Гевгелиска дестилерија е лоцирана во чиста природна средина, во чија околина нема никакви
извори на загадување. Климатските услови нудат одлични можности за одгледување квалитетни
вински и трпезни сорти лозје што е основен предуслов за производство на ракија со врвен
квалитет. Винските сорти се наменети за производство на зреена ракија, а пак трпезните за
незреена мускатова ароматична ракија.
Нашиот концепт не се темели исклучиво на производство и продажба на ракија. На нашите
купувачи им нудиме комплетно искуство, кое вклучува дегустација во нашата дестилерија,
запознавање со процесот на производство, уживање во прекрасното природно опкружување и
еко-просторот на кој е лоцирана Гевгелиска дестилерија, како и разгалување на сетилото за вкус
со совршена органска храна и врвен пијалак.
Нашата визија е Гевгелиска дестилерија, покрај производствен капацитет, да стане и едукативен
центар за млади дестилери, како и омилено место за „дегустаторски“ туризам во едно од
еколошки најчистите места во Европа.
Следењето на процесот на производство и создавањето квалитетен дестилат бара совршен микс од уметност и посветеност.
Да го следиш зрното како се претвора во капка врвна ракија е задоволство кое тешко може да се опише со зборови. Зад оваа умешност се многу години поминати на лозовите насади, растење со приказната на лозарите кои се пренесуваат од колено на колено и умешност да се применат сите марифетлаци на занаетот.
Следењето на процесот на производство и создавањето квалитетен дестилат бара совршен микс од уметност и посветеност.
Да го следиш зрното како се претвора во капка врвна ракија е задоволство кое тешко може да се опише со зборови. Зад оваа умешност се многу години поминати на лозовите насади, растење со приказната на лозарите кои се пренесуваат од колено на колено и умешност да се применат сите марифетлаци на занаетот.